Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сараќини во Кичево: Летово-голем инвестициски самит за иселениците

Сараќини во Кичево: Летово-голем инвестициски самит за иселениците

Со цел зајакнување на  соработката меѓу општините и државните институци, министерот за економија Ваљон Сараќини замина во посета на Кичево на средба со градоначалникот Фатмир Дехари.

„На состанокот се презентираа конкретни проекти од областа на енергетиката, земјоделството и турзимот, а  во јуни и јули месец  договоривме да се организира голем инвестициски самит на кој ќе присуствуваат ислениците од дијаспората, на кои ќе им се презентираат поволните услови за инвестирање на технолошко-индустриската зона во Кичево која што е основана од Владата на Република Македонија, како и останатите можности за инвестирање со кои располага општината“, изјави министерот Сараќини.

На состанокот се зборувало и за можностите кои ги нудат рудниците Тајмиште и Стогово, кои значително ќе придонесат за развој на економијата во регионот.

Новиот градоначалник Фатмир Дехар ја поздрави оваа иницијатива и истакна дека ќе се погрижи за обука на вработените и воопшто на администрацијата во насока на подобрување на локалниот економски развој, како и дека ќе се мобилизираат за реализирање на програмата на Владата за развој на општините.

Слично

Поврзани вести