Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сараќини се сретна со претставници на УСАИД

Сараќини се сретна со претставници на УСАИД

Утврдување на слабостите кои влијаат на економскиот раст во одделни области и подготовка на анализи за нивно надминување, се клучните активности од проектот за дијагностика на инкузивен економски раст, за кој денеска разговараа  министерот за економија Ваљон Сараќини  и претставници на УСАИД.

Дијагностиката, соопшти Министерството за економија, се однесува на анализа на развојот на методите кои на меѓународно ниво се воспоставени од пред 7 години, со цел да се идентификуваат слабостите кои влијаат на економскиот раст во поедини области и  да се развијат анализи за решавање на пречките односно слабостите на економскиот раст.

Министерот Сараќини ги информирал претставниците од УСАИД за инвестициските активности, меѓу кои за големите проекти се ХЕЦ Чебрен и Галиште, ХЕЦ Бошков мост, гасификацијата на Република Македонија и енергетските интерконекции. Ги потенцирал и активностите во областа на енергетската ефикасност, како еден од главните приоритети на енергетската политика на Република Македонија.

На средбата се  дискутирало и за развојот на индустриската политика во однос на поддршката на малите и средни претпријатија во претприемништвото.

Сараќини, се вели во соопштението, ја презентираше и состојбата со иновативноста и нејзиниот развој, новата Стратегија за иновации, учеството на малите и средни претпријатија во иновативните идеи, бизнис програмата за поддршка на конкурентноста, каде што постои посебна мерка за иновативност и мерките за зајакнување на соработката меѓу државата, бизнисот и институциите.

Една од темите на средбата беше и развојот на женското претприемништво, при што посебен акцент е ставен на потребата од отварање гарантни фондови или еквити фондови, кои финансиски ќе ги поддржат малите и средни претпријатија во новите бизниси и идеи и ќе ја заменат улогата на комерцијалните банки и кредити што им се единствено на располагање на тие претпријатија.

На средбата на Сараќини со претставниците на УСАИД е презентирана и платформата за Западен Балкан, што содржи проекти за поддршка на малите и средни претпријатија во вредност од 146 милиони евра.

Слично

Поврзани вести