Сараќини: Наместо “Скопје 2014″, требаше да градиме патишта
Дали проектот "Скопје 2014" според Вас е оправдан во време на криза?
„Добро прашање и добро е да даваме одговор и на ова, овој ќе биде мојот личен став и да би донел одлука во оваа насока, дали да се градат споменици или да се инвестира во „Скопје 2014“ мојот став би бил да се инвестира во енергетски објекти и патна инфраструктура. Зошто? Јасно е. Тој кој се разбира во економија и кој разбира во враќање на инвестиции долгорочно ќе види дека една економија е силна и стабилна ако има енергетски извори, енергетска инфраструктура, патна инфраструктура, железничка инфраструктура и го решил проблемот со гасификацијата. Ако ние со инвестираните средства би направиле една инвестиција во еден енергетски објект денес би биле по- независни од увозот на електричната енергија и можеби на некој начин би ги амортизирале негативните ефекти на компаниите со цел би платиле и пониски цени за електрична енергија.“, оваа изјава министерот за економија Ваљон Сраќини ја даде во изјава за телевизијата Алсат М...
Слично
