Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сараќини: Има интерес за ОХИС, Еурокомпозити, ЕМО и Тутунски комбинат Прилеп

Сараќини: Има интерес за ОХИС, Еурокомпозити, ЕМО и Тутунски комбинат Прилеп

- Интерес генерално постои за сите овие фирми, барем поаѓајќи од интересот за добивање на податоци, како и директни посети од страна на заинтересирани инвеститори. Бидејќи рокот  за претходно објавените јавни повици за продажба на акциите на Република Македонија во ОХИС АД Скопје и Еурокомпозит АД Прилеп беше продолжен,  а заинтересираните можат да подигнат тендерска документација и да достават понуди до 16.04.2013 година, премногу е рано да се зборува дали и колку понуди би добиле до крајниот рок. Веќе е познато во јавноста дека за друштвото ОХИС официјално е заинтересирана компанијата Алкот Груп, со седиште во Швајцарија. За Еурокомпозит АД Прилеп, пак, досега интерес пројавија компании од Велика Британија, САД, Турција и Литванија, вели Министерот за економија Ваљон Сараќини.

Според известувањето што го добивме од ЕМО Охрид АД, интерес за оваа фирма покажале компании од Италија, Србија и Турција, и тоа за купување на поодделни фабрики кои работат во состав на ЕМО АД, но пројавен е интерес и од страна на една македонска компанија за закуп на една од фабриките во состав на друштвото.

Генерално постои интерес и за Тутунски комбинат АД Прилеп, како една од компаниите со потешкотии во работењето, со доминанто учество  на акциите на Република Македонија во структурата на капиталот, но за нив последниот објавен повик за продажба на акциите на Република Македонија беше во 2010 година.

Слично

Поврзани вести