Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сараќини ги пофали владините економски мерки на состанокот на ЦЕФТА

Сараќини ги пофали владините економски мерки на состанокот на ЦЕФТА
Министерот за економија Ваљон Сараќини денеска ги претстави бројните владини економски мерки за подобрување на деловната клима во земјата, за време на неговото учество на 6. Состанок на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА во Тирана, Албанија, „ЦЕФТА земјите оваа година активно работат на предизвиците и обврските кои произлегуваат од Програмата за имплементација на ЦЕФТА Договорот, како и пристапните преговори што сите ние ги имаме во рамките на Спогодбите за стабилизација и асоцијација со ЕУ. За остварување на економски интегриран раст во регионот потребно е да продолжиме со заеднички и синхронизирани напори да создаваме фер и транспарентни услови во трговијата со стоки и услуги. Во периодот што следи, согласно придобивките од ЦЕФТА, со поддршка на меѓународните организации, неопходно е да ја реафирмираме нашата заложба за дефинирање на аспектите за мониторинг и елиминирање на нетарифните бариери, кои во најголема мерка се административни“, посочи Сараќини. Најавувајќи го претседавањето на Република Македонија со два поткомитета во 2013 година, за нетарифни бариери во трговијата и за царински прашања и правила за потекло, министерот упати најпозитивни оценки за подготвеноста на ЦЕФТА земјите идната година да пристапат кон почнувањето преговори за либерализација на трговијата со услуги. „Следејќи го заедничкиот интерес на земјите членки за преговори во приоритетните сектори, сметам дека е од исклучително значење задржувањето на можноста за плуриратерално или билатерално преговарање за специфичните сектори и субсектори. Воедно, би сакал да и посакам успех на Република Хрватска во пристапувањето во ЕУ од средината на идната година. Ние продолжуваме со несмалено темпо да го следиме патот кој го имаме зацртано со ЦЕФТА Договорот“,изјави Сараќини. Тема на состанокот беше „Трговија и инвестиции, суштински компоненти на интегрираниот економски раст во ЦЕФТА регионот“.
Слично

Поврзани вести