Сараево е полно со мигранти, „врие“ од Сиријци, Авганистанци, Ирачани
Последниот месец на подрачјето на кантонот Сараево пристигнале поголем број мигранти од Сирија, Либија, Авганистан, Палестина, Пакистан, Алжир, Мароко, Ирак, Турција, Иран, Тунис и други земји.
Многу од нив секојдневно престојуваат на отворено, без соодветна облека и услови за хигиена, а со малку храна. Според информациите од Заводот за итна медицинска помош некои од мигрантите имаат и тешки заболувања, информираат медиумите во Босна и Херцеговина.
Владата на КС побара од надлежните институции на БиХ во најкраток рок да се евидентираат, но и да им се утврди и статусот на мигрантите.
Претходно, Владата на Република Српска заклучи на седницата, што беше итно свикана, дека на територијата на Република Српска нема услови за згрижување на мигранти.
