Сарачини во проверка на резултатите од туризмот
Министерот за економија Ваљон Сарачини ќе ја посети Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Република Македонија и ќе разговара со директорот на агенцијата Кристијан Џамбазовски.
Во фокусот на средбата ќе бидат постигнатите резултати во 2013 година во туристичкиот сектор, но ќе се претстават и мерките и плановите за 2014 година, превземени од страна на Министерството за економија и Владата на со цел зголемување на бројот на туристите и подобрување на домашната туристичка понуда.
Кон крајот на минатата година Сарачини на седница за пратенички прашања се пофали со драстичен пораст на бројот на туристи во 2013-та.
- Има позитивен драстичен пораст на бројот на туристи, особено странски, како резултат на серијата владини мерки, активности и субвенции за развој на туризмот, нагласи министерот Сарачини.
Тој посочи дека бројот на туристи во Република Македонија, според последните податоци од Државниот завод за статистика, се зголемува за 12 проценти секоја година. До 2020 година целта е, како што рече, приходите од туризмот да постигнат 5 проценти од вкупниот БДП.
Слично
