Сарачини во лов на инвеститори од Хрватска, се кројат нови планови за соработка
Денеска во Загреб, утре во Славонија, министерот за економија Ваљон Сарачини тргна во лов на инвеститори во Хрватска. Целта на ова роуд шоу е да се сретне со инвеститорите и да ги запознае со можностите и инвестициските проекти во земјава.
Денеска оствари средба со министерот за економија Иван Врдољак, а најавени се средби и со министерот за претприемништво Гордан Марас и за туризам, Дарко Лоренчин.
Со хрватскиот колега Врдољак разговарале за влезот на Хрватска во Унијата ,а било посочено дека економската и трговската соработка ќе продолжи според Спогодбата за стабилизација и асоцијација што Македонија ја има договорено со ЕУ.
„Македонија и Хрватска имаат одлични политички односи, меѓу земјите постои посебно почитување и силно пријателство, но потребно е да работат повеќе за продлабочување на економската соработка", смета Сарачини. Според него, заедничка цел е во наредните пет години Хрватска да биде меѓу првите пет трговски партнери на Република Македонија. Затоа, вели тој, треба да се интензивира соработката меѓу коморите и компаниите.
Се разговарало и за енергетиката и конкретните инвестициски проекти, за инфраструктурата, а Хрватите најзаинтересирани биле за секторот на минерални суровини. На презентацијата која Сарачини ја одржа во Хрватска, покрај компаниите присутни во Македонија, имало и нови компании заинтересирани за отварање на нови погони.
Хрватска во последните 3 години се наоѓа на 12 место во вкупната трговска разменаа први земји по извозот се Германија, Косово, Србија, Бугарија, Италија и Грција.
За министерот Врдољак, по примерот на „Агрокор“, „Атлантик Груп“, „Виндија“ и други фабрики би можеле да инвестираат во Македонија. Според најавите, до крајот на годината се очекува посета на хрватска делегација во Македонија и потпишување анекс договорот за изменување и дополнување на договорот за економска соработка и трговија. Целта на овој анекс е да се елиминираат сегашните пречки за бизнис меѓу двете држави.
Хрватска се наоѓа на 12 место во вкупната трговска размена последните 3 години. Посетата на Сарачини утре се сели во Славонски Броди и Осиек, каде треба да ја посети компанијата „Ѓуро Ѓаковиќ“.
Слично
