Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сарачини: Со реактивирање на 400 стари индустриски капацитети до побрз развој

Сарачини: Со реактивирање на 400 стари индустриски капацитети до побрз развој
Со новите браунфилд ќе дојде до побрз развој на општините, смета министерот за економија Ваљон Сарачини. Според ќе видат активирани 400 индустриски објекти, главно со рекомпонирање, реструктуирање, реновирање како и модернизирање на работата. Тој денеска го посети Гостивар односно објектот на АДГ Маврово кое е во стечај и е една од четирите локациите во општината за каде се бараат „браунфилд“ инвестиции, со кои ќе се реактивира работата. За „Маврово“ имало интерес, откри министерот кој смета дека браунфилд инвестициите се нова шанса за локацијата. „Станува збор за индустриско земјиште, кое е сега слободно, не се користи, но има потенцијал да биде повторно развиено за нови потреби. Во иднина на овој начин на деловните субјекти кои би сакале да отпочнат или прошират дел од бизнисот, им се отвара уште една можност која што Владата ја нуди“, истакна Сарачини. Министерот исто така појасни дека готови се и програмата и регистарот во кој се опфатени објекти со површина од 1,7 милиони квадратни метри, односно вкупниот број на вакви површини е околу 4,7 милиони квадратни метри. За градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта кој разговараше до Сарачини, новите инвестиции и планот за оживувањето на старите неискористени објекти кои подолго време не се во употреба, ќе придонесе за пообрз економски развој и за нови вработувања.
Слично

Поврзани вести