Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сарачини: Поплавите нема да предизвикаат големи турбуленции во трговијата со Србија

Сарачини: Поплавите нема да предизвикаат големи турбуленции во трговијата со Србија
Катастрофалните поплави кои ја зафатија соседна Србија нема да ги пореметат трговските врски меѓу двете земји, очекува министерот за економија Ваљон Сарачини. Според него, негативни последици се можни само во транспортот на стоки. „Од Србија увезуваме пченица, пченка и брашно и ова можеби ќе има некаква последица, но имајќи предвид дека годишно произведуваме околу 270 илјади тони пченица што е околу 70 проценти од вкупните потреби, значи дека околу 30 проценти се увоз. Секогаш има можност за алтернативен увоз. Тука се Хрватска, Бугарија и Унгарија, така што мислам дека ова нема да се одрази толку негативно врз трговијата“, истакна Сарачини. Од Србија веќе има најави дека заради катастрофалните поплави може да се очекува привремено ограничување на извозот на пченица, пченка, масло и шеќер, со цел да се задоволат најпрвин домашните потреби. Македонскиот Комитет за трговија будно ја следи ситуацијата и доколку има потреба за некаква реакција или интервенција, тоа ќе се направи, најавува Сарачини.
Слично

Поврзани вести