Сарачини: Македонија станува лидер во регионот за производство на енергија од обновливи извори
Камен темелник за гасна термоелектроцентрала Електрошари беше поставен денеска во тетовското село Требош како најнова инвестиција на фабриката за јајца и производи од пилешко месо Везе шари и Лекер, во вредност од околу пет милиони евра.
Министерот за економија Ваљон Сараќини, кој заедно со министрите за транспорт и врски и за животна средина, Миле Јанакиески и Абдулаќим Адеми присуствуваа на свеченоста, потенцираше дека оваа прва ваква инвестиција во земјата е продолжување на заложбите на Министерството за економија кое обрнува посебно внимание на енргетскиот сектор.
- Со оваа инвестиција Македонија претставува еден вид лидер во оваа област во регонот бидејќи производството на алтернативна енергија е поттикнато со потпишување на договори за изградба на 70 мали хидроцентрали, како и почетокот на изградбата на сончевата централа Мери, која чини околу 40 милиони евра, рече Сараќини.
Министерот за транспорт и врски Јанакиески посочи дека Владата ќе продолжи да презема мерки за привлекување домашните и странските инвеститори.
- Владата сака и дава подршка на секоја иницијатива преку голем политики што ги носиме како Влада да стимулираме домашни и странски инвестиции. Заложбите на Владата и Министерството за транспоср и врски даваат резултати и токму заради тоа донесовме голем број законски измени, изјави Јанакиески.
