Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сарачини годинава најавува раст повисок од 2,5%

Сарачини годинава најавува раст повисок од 2,5%
Раст на економијата од 2,5 до 3 проценти, или повеќе од планираното предвидува министерот за економија Ваљон Сарачини. Ова го изјави по средбата со  претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Мендерес Кучи со кого зборувале за новиот буџет и идните владини проекти. Ова тврдење министерот го темели на позитивните резултати во првата половина од годината кога растот беше поголем од очекуваниот. Ова, смета Сарачини, е поради тоа што имаат резултати владините мерки и политики преземени во 2012 и 2013 година, за амортизираа последиците од еврокризата, односно евтините кредити, зголемената реализација на капиталните инвестиции и проектите за поддршка на мали и средни претпријатија. Нарачките од странските пазари растат, вели министерот, а извозот во западноевропските земји е повишен за 10 до 15 отсто. Сепак како главна тема на средбата со Кучи, беше поставена најавената изградбата на автопатот Кичево-Охрид-Струга. „Изградбата на автопатот што се планира да почне во 2014 година значително ќе придонесе да се подобри економијата во Македонија и да се реализира планираниот раст од 3,2 процента за идната година. Изградбата е значајна и за бизнисот заради ефектите на среден рок, како што е ангажирањето на градежните компании, но и на долгорочен рок со намалување на трошоците на работење“, изјави Сарачини. За Кучи пак, средбата била конструктивна, но буџетот за инвестиции недоволен. Тој вели дека процентот од 20 отсто за капитални инвестиции е добар, но е двојно помал од тоа што го побарале. Сепак истакна тој, мора да се вложува и во западна Македонија. „Бараме западниот дел да биде локомотива и да влече напред зашто ги има сите потенцијали за тоа. Тоа не значи дека сме против она што ќе се гради во другите делови од Македонија“, нагласи Кучи.
Слично

Поврзани вести