Економија, финансии, бизнис

Контакт

Санкциите кон Русија ја удрија ЕУ по глава

Санкциите кон Русија ја удрија ЕУ по глава
Санкциите, ниските цени на нафтата и економската рецесија ги обесхрабри Русите за одмор во странство. Тоа е и причината Русија да е единствената голема држава во Европа, каде што туристите се очекува да остварат помалку патувања оваа година во споредба со минатата, пишува CNBC. Бројот на Русите, кои ќе патуваат во други европски земји се очекува да падне за околу 9% оваа година во споредба со 2014 година, покажува извештајот на Euromonitor. Падот доаѓа во време на обидите на руската економија да излезе од кризата по тешките меѓународни ограничувања наметнати на локалните банки и енергетски компании по анексијата на Крим во март минатата година. Грција е една од земјите која најверојатно ќе почуствува тешкотии, бидејќи е омилена дестинација за руските туристи, смета експертот од Euromonitor Волтер Гертс. "Русија е главен пазар за Блискиот Исток и Јужна Европа. Проблемите доаѓаат како резултат на прашањата поврзани со Украина, бојкотот на руските производи и ембаргото што навистина ги запре руските туристи да патуваат многу", додава тој. "Има некои земји, како Грција, кои ќе бидат погодени од загубата на руски туристи". Бројот на руските одморџии во Европа падна на околу 35 милиони минатата година и се очекува да падне уште до околу 32 милиони во 2015 година, покажуваат пресметките. Сличен тренд покажуваат и податоците на Светската организација за туризам, претставена во јуни. Пад беше забележан кај руските туристи и во Северна и во Западна и Јужна Европа. Турција, исто така беше погодена од смалувањето на руските туристи кои се вторите најбројни во земјата по германските според Светската организација за туризам. Околу 42 милиони руси извршија излезни патувања за Европа во 2013 година, бидејќи земјата се радуваше на висок економски раст и раст на приходите на домаќинствата. Сепак строгите санкции придонесоа за слабеење на економијата на земјата, а според Меѓународниот монетарен фонд севкупниот пад на БДП може да достигне 9 отсто. Обработка: К.К. Извор: CNBC
Слично

Поврзани вести