Економија, финансии, бизнис

Контакт

Санкциите кон Москва ја чинеа ЕУ 21 милијарда евра

Санкциите кон Москва ја чинеа ЕУ 21 милијарда евра

Санкциите на Европската унија против Русија „скапо го чинеа“ европскиот блок и предизвикаа недостаток од 21 милијарда евра за европскиот извоз, рекол шпанскиот министер за надворешни работи Жозе Мануел Гарсија Маргало.

Маргало по доаѓањето на состанокот во Брисел додал дека ЕУ изгубила 21 милијарда евра на извозот.

-Се наоѓаме во сериозна состојба и спогодба која би можела да биде договорена на самитот во Минск за мировното решение на кризата, бидејќи  е последна шанса пред да се премине на сценариото за проширување на санкциите - напоменал шпанскиот министер.

Шпанија е во групата на европски држави кои не ја поддржуваат идејата за јакнеење на економските санкции против Русија, кои се воведени во јули 2014 година, поради наводната улога на Москва во украинската криза.

Балтичките држави, Полска и Велика Британија отворено се залагаа за јакнеење на санкциите доколку не бидат завршени судирите на истокот од Украина.

Во 2013 година извозот на европските производи во Русија достигнал 120 милијарди евра, податоците се на Европската комисија. Москва тогаш била четврт трговски партнер на ЕУ.

Слично

Поврзани вести