Економија, финансии, бизнис

Контакт

САНКЦИИ ОД ЕУ: Ескалацијата на состојбите е многу сериозна закана за економијата!

САНКЦИИ ОД ЕУ: Ескалацијата на состојбите е многу сериозна закана за економијата!
Продлабочувањето на политичката криза е сериозна закана за економијата, укажуваат дел од економистите. Дополнително можните санкции најавени од страна на Европската унија може да имаат индректно влијание врз економијата преку странските инвеститори и кредитори, велат експертите. Таа препорака ја имаме над 10 години и поради добро познати причини, преговорите за членство не се отпочнати, така што нејзиното одземање не очекувам да направи значајни промени за економијата, ниту пак мислам дека владејачката партија е многу загрижена поради тоа, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески. -Санкциите против одредени политичари би можеле да имаат само индиректно влијание врз економијата, ако од страна на инвеститорите и кредиторите бидат сфатени како зголемен политички ризик. Меѓутоа, неодамна Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг, па останува да сочекаме до следната оценка за да видиме како меѓународниот финансиски пазар го перцепира тој политички ризик. Во однос на заканите за одземање на препораката - би рекол дека тој аргумент е дегутантен. Таа препорака ја имаме над 10 години и поради добро познати причини, преговорите за членство не се отпочнати, така што нејзиното одземање не очекувам да направи значајни промени за економијата, ниту пак мислам дека владејачката партија е многу загрижена поради тоа. Но, општо земено, ескалацијата на состојбите е многу сериозна закана за економијата. Инвестициите веќе страдаат, ефекти ќе има и врз потрошувачката. Целосно воздржаниот приватен сектор веројатно и понатаму ќе го компензира Владата, со нагласено извршување на буџетот, и со капиталните инвестиции и преку алиментирањето на сите зголемувања на тековни расходи што ги ветила. Тоа притиска на долгот, тој е моментално на горната опасна граница и отплатната способност е под голем ризик. Гледаме воздржаност од меѓународните финансиски институции, во смисла прво да се сочека расрешница на кризата пред евентуално да се одобруваат нови кредити, па макар тие биле и наменски. Со ескалацијата на кризата почнаа да се шират и гласини дека граѓаните почнале да ги повлекуваат депозитите. Верувам дека ова произлегува од политичките кујни, меѓутоа оној што тоа го пропагира треба да знае дека тоа е многу опасна теза. Банкарскиот сектор е, според мое мислење, најздравото ткиво на економијата, профитабилен и со висока ликвидност. Оттука, опасност од тоа банките да не можат да ги исплатат депозитите, во моментот, не постои. Но, силното пропагирање на вакви опасни тези може да ги претвори шпекулациите во одредени акции кои ќе ја вратат економијата 20 години назад, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески. Т.С
Слично

Поврзани вести