Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, нов претседател на ААМ: Со Скопје 2014 врз професијата архитект е фрлена нафтена дамка!

Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, нов претседател на ААМ: Со Скопје 2014 врз професијата архитект е фрлена нафтена дамка!

Асоцијацијата на архитекти на Македонија неодамна доби нов претседател, Сања Раѓеновиќ Јовановиќ. Родена е во Скопје 23.051970. Средното образование го завршила во гимназијата Јосип Броз  Тито,потоа се запишала и дипломирала на  Архитектонскиот  факулте во Скопје. Веќе  16 години  работи како проектант, 12 години во проектантската куќа“Македонијапроект“ и 4 год во проектантско биро Студио Р. Позначајни проекти на кои има работено се сстанбени објекти низ Македонија, хотелски комплекси Украина и Црна Гора. Има добиено награда од Град Скопје и пофалница од ААМ за деловен објект “АД Осигурителна Полиса“

Фактор:  На чело на Асоцијацијата доаѓа помлад архитект, каква е вашата стратегија за понатмошните активности н ААМ за што ќе се залагате?

Сања Раѓеновиќ Јовановиќ Ми се допаѓа ова помлад архитект.

Водењето на ААМ со децении има воспоставени принципи, ораганизација и сфери на интерес и делувања кои треба да се задржат и да се негуваат. Неопходно е да се почитуваат сите предходни искуства, традиции и стекнати придобивки.Но неминовно е брзо прилагодување и трансформирање во новонастанати ситуации, дектектирање на проблеми и негативности и навремено делување и справување со истите.

Примарна заложба ќе ми биде почитување на архитектурата и нејзино враќање на местото кое и припаѓа. Архитектурата не е сликичка, архитектурата е наука, се учи цел живот. Единствено компетентни за формирање на сликата на еден град се  архитектите

Фактор:  Последните години ААМ беше активна на терен особено од почетокот на Скопје 2014. Архитектите се поделија, вие останавте на страната за одбрана на Скопје од обезличувањето, постои ли можност да се врати стариот сјај на Сопје?

Сања Раѓеновиќ Јовановиќ Најголем дел од архитектите останаа на страната за одбрана на Скопје од обезличување. Скопје какво е сега нема ни стар сјај ни нов. Нема ништо ново што е вредно, што е архитектура. Градот трпи неконтролирани затрупувања со агресивен, безизразен, тешковкоплив кич. Обидот по секоја цена за самонаречена грандиозност и монументалност на архитектурата, а и скулптурата, не се одраз на научна и ететска студија.

Фактор:  Дали во тој период на поделеност на архитектите, финасиите беа поприоритетни од архитектонските правила, па за момент се изгуби значењето на и суштината на зборот архитект?

Сања Раѓеновиќ Јовановиќ Суштината на зборот архитект никој не ја дава или ја одзема, бидејќи архитектурата не ни почнува не ни завршува со Ск2014. Во архитектурата лагата и импровизацијата се гледаат не можат да се сокријат. Тие архитекти не паднаа од друга планета, тие се од тука ги учеле истите школи како и останатите  архитекти, ова што го прават во школо сигурно не го научиле, само се согласиле да и ја заклучат вратата на архитектурата од внатре.

На ова прашање тие подобро знаат да ви одговорат од мене, прашајте ги. Врз професијата фрлија дамка и тоа нафтена, за тоа ќе требаат децени да се измиеме. Убија еден град и што е најтрагично сами си пукавме во себе.

Фактор: ААМ остро го критикуваше барокот, во едно претходно интервју за Фактор, изјавивте дека сите свтески медиуми ни се исмејуваат поради проектот Скопје 2014 и дека Бернини се врти во гроб од нашиот барок, како ќе се борите од понатамошно барокизирање на Скопје?

Сања Раѓеновиќ Јовановиќ Грешката е направена. Нас најчесто за се ни е некој друг крив. Грешката е прво и највеќе кај нас. Што побрзо го признаеме тоа, подобро. Ни се исмеваат, тоа е точно, а причината ја дадовме сами. Дури во еден странски весник одесе и текст со наслов “ Скопје – општествена лоботомија“. Ова во Европа никаде на друго место не се случува. Многу е тешко, инструментите се во рацете на институциите, а тие молчат и упорно игнорираат. Се надевам дека конечно ќе се појави свест дека не е никаков одговор барем се гради, туку што, како и каде се гради. Мораме да се бориме, мора да постои дијалог.

Мора институциите да имаат компетентни луѓе кои знаат дека градот не е приватен, дека е општ, народен интерес и се гради со народни пари. Од тоа произлегува обрска и одговорност кон јавниот простор за кои единствено можат да делуваат урбанисти и архитекти со големо работно искуство. Плоштадот е центарот на државата, не е приватна сопственост. Како архитекта имам обврска да се извинам на граѓаните што не успеавме да го спречиме неконтролираното затрупување на градот со тешко вклоплив кич. Да ветам дека ќе продолжиме да се бориме со сите легални средства да го спречиме понатамошното делување во тој правец. За тоа да се случи треба многу време и разбирање, многу работа и проектирање и многу разбирање од институциите.

Како родител имам обврска да не прифатам да ги даваме своите деца други да ги трошат, за свои лични интереси или од недоволно знаење. Децата мора да се воспитуваат, образуваат и да имаат вистински пример за она што е навистина вредно, да знаат што е вистински квалитет. Да имаат правилен начин на расудување и критрум на вредности. само така утре ќе станат луге достојни за почит и професионалци во она што ќе го работат. Опасно е кога се прави обид да се промени чипот во главата.

Фактор:  Каква е вашата замисла за изгледот на Скопје, во која насока треба да се движи архитектурата?

Сања Раѓеновиќ Јовановиќ Скопје е град кој мора да се развива во правец на современите текови во архитектурата и да коренспондира во времето кое го живееме. Градот мора да има континуитет во својот развиток, да воспостави рамнотежа меѓу традиционалните вредни трагови и современи, нужни и храбри визии. Мора да ја почитува својата култура и традиција, да ја негува квалитетната и да не измислува лажни вредности. Скопје е дефинитивно град на солидарноста и со тоа морамае да се гордееме, не да се преќутува или срамежливо споменува.

Скопје мора да се развива во правец кој започнал после земјотресот. Тоа е периодот кога за градот е најмногу направено. Тогаш Скопје и станал град. Во тоа нема ништо срамно и лошо. Некој се повикуваат на тогашно едноумие, на бришење на култура и идентитет, но тоа не е точно. Скопје тогаш за прв пат станал вистински град.. На проектите за Скоје работеле врвни светски архитекти, дене ангажирање на такви имиња можеме само да сонуваме. Ова се факти кои не можат и не треба да се сокријат. Значи мораме да го негуваме и вреднуваме она што го имаме.

Фактор : Една од последните активности на ААМ беше заштитата на ГТЦ од барок. До каде се активностите и дали планирате некои нови активности за заштита на ГТЦ од барокот?

Сања Раѓеновиќ Јовановиќ Активноста “Го сакам ГТЦ“ сигурно дека ќе продолжи. Имаше пауза во летниот период. Активностите се движат во истиот правец како и до сега, комуникацијата со институциите за која се надеваме дека конечно ќе успееме да ја воспоставиме и комуникација со сите подржувачи на “Го сакам ГТЦ“ на истото место.

Фактор : Кога почна акцијата “Го сакам ГТЦ”, рековте дека ќе се обратите до сите државни институции, досега не добивте одговор, дали повторно ќе ги потсетите дека ГТЦ не треба да се обезличува?

Сања Раѓеновиќ Јовановиќ Одговор сеуште не добивме, сеуште го очекуваме. Пофторно ќе се обратиме нема да се откажуваме и се надевам дека конечно ќе успееме да воспоставиме дијалог со надлежните. Единствен одговр кои сме го слушнале е изјавата во весник на директорот на ГТЦ Аго Абазовски “Живееме во демократија, секој има право на збор, избор, реакција...

Идејното решение е избрано на јавен и транспарентен начин и не гледам причина за реакциите. Впрочем, колку луѓе толку вкусови.“. Колку луѓе толку вкусови како одговор во архитектурата не постои. Архитекторута е наука за која некој ја учели и ја работи, луѓето се корисници, уживатели, човекот е основната мерка во архитектурата и секој архитекта така проектира, не проектира по вкусови, архитектурата не е одело па конзументот да го купи она што најмногу му се допаѓа.

Архитектот проектира така како е најдобро за просторотг, а тоа е прсторот, човекот, функцијата конструкцијата, обликувањето, без тоа архитектура нема. И конечно мора да се разбере она што 100 пати го пофторив архитектура е наука, а не златна рипка да исполнува желби.  Идејното решение е избрано со променета жири комисија составена така да го избере наложеното решение. Предходната жири комисија чии член беше прф. Георги Константиновски, беше разрешена. Ние во Македонија имаме малку габаритни архитекти како проф. Константиновски, мислам дека е срамота архитекта со таков квалитет да биде исклучен од комисија .

Ј.С

Слично

Поврзани вести