Санирани дефектите, Кичево доби напојување со електрична енергија
Екипите на МЕПСО, по непрекината повеќе часовна работа, успеаја да ги санираат дефектите на 110 kV далекувод што ги поврзува трансформаторските станици „Сопотница“ и „Кичево“ во 14:09 часот со што градот Кичево и околните населени места се приклучија директно на преносната мрежа и добија напојување со електрична енергија, информираат надлежните.
Паралелно со ова екипи на МЕПСО работат на подигнување на два столба кои беа оштетени од силното невреме завчера на 110 kV далекувод што ги поврзува трансформаторските станици „Кичево“ и „Осломеј“.
Со тоа , со оглед на динамиката, се очекува за период од два до три дена целосно да се оспособи и стави под напон и втората 110 kV врска со која Кичево е поврзано на преносната мрежа на МЕПСО.
