Саниран „најнесигурниот“ мост во Македонија
Македонски возови кои тргнуваат од Скопје нема да возат само до Велес, туку од вчера ќе можат да сообраќаат и до Гевгелија, како и во обратна насока, откако МЖ Транспорт со помош на Владата го санираше бетонскиот мост на пругата меѓу пругата Градско и крстосницата кај селото Кукуричани.
Овој мост од армиран бетон бешпе напукнат пред да биде саниран и важи и натаму за несигурен на долг рок, откако експерти за „Фактор“ неодамна потврдија дека најсигурно решение е да биде изграден нов. Овој мост порано бил заштитен со челична конструкција, но со текот на времето истата била ограбувана.
Нестабилноста на мостот ја забележал машиновозач додека поминувал низ него и случајот веднаш го пријавил пред повеќе од еден месец.
Тие и прекините на железничкиот сообраќај при реконструкцијата на патот во Србија од 24 септемрви до 19 минатиот месец го намалија обем на превоз на МЖ Транспорт на Коридор 10. Како што информираа за МИА од МЖ Транспорт, од почетокот на прекинот до 2-ри месецов со намалувањето на приходите од извршениот превоз претрпеле директната материјална штета од 84.500.000 денари.
Штетата во планирање за кратко е направена и во македонската индустрија која увезува и извезува суровина и стоки на овој начин.
Од МЖ Транспорт информираа дека санацијата е извршена
во специфични услови при што се направени специјални прегледи и испитувања со
пробно товарење. При санација на мостот е извршена заштита од понатамошно поткопување на двата
средни столба, направени се бунари со длабочина од осум до 12 метри за преземање на
товарите од мостовската конструкција кај првиот среден столб, армирање и бетонирање
на темелните греди и на бетонските платна и е подигната е мостовската конструкција на
потребното ниво.
