Санадер хоспитализиран – има проблеми со срцето
На поранешниот хрватски премиер и лидер на ХДЗ Иво Санадер му се слошило, па веднаш бил префрлен од затвор во болница. Имено, Санадер повторно има проблеми со срцето, заради што веќе некое време не се чувствувал добро и отсуствувал од последното рочиште пред Жупанискиот суд во Загреб, во процесот што се води против него.
Неговата адвокатка Јадранка Слоковиќ потврдила дека лекарите извеле електроконвулзија (електрошок со мала сила) врз Санадер и дека тој е задржан на болница.
Во вторник, Санадер требало да го прегледа кардиолог. Но, со оглед на тоа што вчера неговата здравствена состојба се влошила, затворскиот лекар проценил дека тој треба веднаш да биде хоспитализиран.
Слично
