Економија, финансии, бизнис

Контакт

Санадер доби затворски „мандат“ од четири ипол години

Санадер доби затворски „мандат“ од четири ипол години

Екс премиерот на Хрватска Иво Санадер ќе стане највисок функционер на Балканот кој завршил во затвор, овој пат со „мандат“ од четири ипол години. Судот во Загреб го заврши макотрпниот судски процес со обвинителна пресуда против Санадер за примање 2,2 милиони евра мито во случајот „Планинска“.

Санадер ќе остане на слобода се додека пресудата стане правосилна, бидејќи е осуден на казна помала од пет години затвор. Поранешниот премиер ќе мора да врати два милиони евра во буџетот во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата. По излегување од судот, Иво Санадер, изјави дека и оваа пресуда, како и претходните две се базира исклучиво на лажни сведоци на УСКОК (Посебно државно обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал).

Санадер се бранеше негирајќи ја вината дека незаконски искеширал милиони евра од препродажбата на станови во улицата „Планинска“ во Загреб, но вината ја призна вториот обвинет Стјепан Фиолиќ. Фиолоќ и Младен Млинаревиќ се прогласени за виновни во истиот случај и се осудени на по една година затвор, која се заменува со општокорисна работа. Фиолиќ во истрагата потврди дека зградата е продадена по повисока цена, а 2,2 милиони евра му ги предал на Санадер во кеш во 2009 година во неговата куќа.

Слично

Поврзани вести