Економија, финансии, бизнис

Контакт

Samsung открива зошто експлодираа Galaxy Note 7 телефоните

Samsung открива зошто експлодираа Galaxy Note 7 телефоните

Samsung по спроведената истрага на внатрешната комисија конечно ќе може зад себе да го остави мега скандалот со екслозивниот телефон Galaxy Note 7 кој имаше огромни проблеми со батеријата и подоцна на два пати целосно беше повлечен од пазарот губејќи околу 2 милијарда долари. 

Според првичните информации во извештајот стои дека станува збор за лош дизајн на батеријата која била со поголем капацитет од тенкото тело и со поголем обем, па затоа доаѓало до нејзино прегревање и во одредени ситуации до експлозии бидејќи немало простор каде да се прошири батеријата.

Бидејќи дизајнот на батеријата е ист проблеми имало и кај тие што се произведени во подружницата на Samsung како и на тие произведени од надворешните партнери. Официјалниот извештај од истрагата ќе биде претставен утре.


Слично

Поврзани вести