Самсунг и Епл го потиснаа ХТЦ
Тајванската компанија за производство на паметни телефони ХТЦ забележа пад на профитот од 79 % во третиот квартал оваа година, поради што се чини дека ја губи битката со Самсунг и Епл, своите најголеми ривали. За разлика од ланскиот профит од 18,68 милијарди долари за периодот од јули до септември, нето профитот за овогодишниот трет квартал изнесува само 3,9 милијарди долари.
Аналитичарите веруваат дека ХТЦ нема да може да ги стигне своите ривали во блиска иднина. Според нивните зборови, стратегијата на фирмата за намалување на бројот на модели ги довела до тоа да мораат да развијат многу успешен модел за 2013 година. Во спротивно номпанијата ќе продолжи да губи пари.
ХТЦ беше пионер во развојот на паметни телефони базирани на Андроид и имаше голем дел во некои од клучните светски пазари, вклучувајќи ги и САД. Меѓутоа успехот на линијата на Самсунг - Галакси, како и линијата на Епл-Ајфон лошо влијаеше на нивната продажба. Самсунг и Епл на пазарот константно исфрлаат нови модели, што им носи предност пред ХТЦ.
Слично
