Samsung Galaxy S8 е идеален смартфон за мултимедија, сведочи корисник
Фактор ја продолжува серијата на текстови со сведоштва на корисници кои имаат можност да го употребуваат Samsung Galaxy S8 во нивното секојдневие. Како што и досега истакнавме смартфонот е идеален за бизнис и професионални задачи со посебениот софтвер за заштита на податоци и сајбер безбедност, но многу се истакнува со опциите за мултимедиа во повеќе сегменти, па да видиме што има да ни каже еден корисник на Samsung Galaxy S8 од неговото досегашно искуство кое можеби ќе биде пресудно за вас кои сакате да одберете нов мобилен уред, а се уште не сте се одлучиле за моделот.

Фактор: Како ви се допаѓа новиот изглед на Samsung Galaxy S8 со неговиот голем екран но, многу компактно тело со минимална рамка?
Корисник: Уредот на прв допир делува кревко и елегантно, но во основа е многу цврст и одлично стои, односно „лепи“ на рака. Таканаречениот „бескраен“ екран дава поголема прегледност врз фотографиите и видео-снимките направени со мобилниот уред.
Фактор: Што би издвоиле најмногу од софтверот на Samsung Galaxy S8, кои апликации најмногу ги користите?
Корисник: Можностите за мултимедијална употреба на мобилниот уред се работи кои би ги издвоил. Камерата од 12мп, авто-фокусот, како и можностите за подводно снимање и фотографирање, како и за снимање во забавена брзина го прават мобилниот уред примамлив за користење.

Фактор: Дали го користите Samsung Galaxy S8 за професионални потреби, како проверка и испраќање мејлови, креирање планови и белешки, користење на календарот за обележување на обврските и поврзување со вашите колеги или соработници?
Корисник: Да. Претежно за комуникација и пренос на податоци како фотографии, текстуални содржини, фотографии и видео-снимки.

Фактор: Колку сте задоволни од безбедноста на Samsung Galaxy S8 која ја нуди со KNOX системот?
Корисник: Системот е добра можност за заштита на содржините и апликациите, како и на документите кои не сакаме да дојдат до сечии очи. Особено добра страна е што и апликациите заклучени со KNOX можат да се отвораат и само со рожница од око. Тоа го прави целиот мобилен уред исклучително безбеден за чување сензитивни податоци.

Фактор: Издржливоста на батеријата е приоритет за сите модерни корисници кои „зависат“ од својот телефон. Какво е вашето искуство со полнењето на Galaxy S8?
Корисник: Со оглед дека се работи за нов уред, чија батерија е на почетокот од нејзиниот „животен век“ тој работи во најдобра форма. Немаше никакви проблеми со неочекувано згаснување на мобилниот уред поради испразнета батерија. Секако, дополнителен бенефит е издржливоста, која се покажа при подолг период снимање и емитување видео содржини.
Фактор: Колку често ја користите камерата на Samsung Galaxy S8 и дали сте задоволни од селфи фотките?
Корисник: Селфи фотографии лично не правам. Ја користам задната камера, за видео-клипови и фотографии од дневни настани кои потоа се обработуваат за објавување на интернет.

Фактор: Освен за професионални задачи за што друго Samsung Galaxy S8 најмногу ве воодушеви?
Корисник: Звучникот вади силен звук. Сепак, на прво место е неговата отпорност на вода. Поради оваа можност, уредот во повеќе наврати оди на „капење“ во езеро и во мали реки, при што вади одлични снимки и фотографии од тоа што се наоѓа под површината на водата.

Фактор: Дадете ни некој ваш совет за подобро и поефикасно користење на Samsung Galaxy S8?
Корисник: Галакси С8 е уред кој им го препорачувам на професионалци кои имаат потреба со себе во секое време да имаат моќен електронски уред, кој може комотно да замени и преносен компјутер. Камерата, исто така, е доволно квалитетна, така што каде и да одите, можете да направите снимка во висока резолуција. Телефонот може да направи многу повеќе, не го користете само за селфи и за фотографирање храна. Тој може да биде ваша мала канцеларија, како и ваш асистент во професионалните активности.
Автор: Христијан Станоевиќ
