Економија, финансии, бизнис

Контакт

Samsung Galaxy S22 Ultra 5G - Моќен мултитаскинг уред за успешен работен ден

Samsung Galaxy S22 Ultra 5G - Моќен мултитаскинг уред за успешен работен ден

Што е она кое ви е потребно за успешен работен ден? Личен асистент со кој дури и најхаотичните денови ќе поминат без грижи! Токму затоа, компанијата Samsung го создаде моделот S22 Ultra 5G, моќен уред кој ги комбинира најдобрите карактеристики на двете познати серии на паметни телефони - моќта на серијата Note и камерата и перформансите на професионално ниво на серијата S - со што постави нов стандард за премиум смартфоните. Со вграден S Pen, подобрени можности за ноќно фотографирање и ноќно снимање (Nightography) и батерија што трае цел ден, Galaxy S22 Ultra 5G е најмоќниот Ultra уред што Samsung го направил досега.

За прв пат, омиленото пенкало на корисниците на Note, S Pen, доаѓа со уред од серијата S, но моментално е најбрзoто и најчувствителнато пенкало некогаш направено. Со S Pen, S22 Ultra 5G станува повеќе од само телефон. Ги зема карактеристиките на серијата Note и создава нови начини за корисниците лесно да ја завршат својата работа. Со 70% помала латентност, се овозможува поприродно пишување и цртање на екранот на телефонот S22 Ultra 5G, како и поиновативно истражување на апликациите.

Мултитаскинг на највисоко ниво

Најновата верзија на S Pen им овозможува на корисниците уште подобро корисничко искуство. „Фаќањето“ белешки на деловните состаноци ја прави хартијата помалку потребна. Секако, заедно со пенкалото, потребен ви е и издржлив уред кој ќе ги задоволи сите барања на модерниот и брз начин на живот, а Galaxy S22 Ultra 5G ги има токму тие карактеристики.

S22 Ultra 5G е дел од првата серија Galaxy S опремена со најновиот 4nm процесор за најнапредна обработка на податоци со помош на вештачка интелигенција и машинско учење. Има и Wi-Fi 6E, што е дури двојно побрзо од Wi-Fi 6. Ова значи дека можете да уживате во незаменливи перформанси на сите апликации што најмногу ги користите на работа. Сето ова е овозможено со моќната батерија на Galaxy S22 Ultra 5G , која ви овозможува повеќе од цел ден користење со едно целосно полнење. Овој уред поддржува и супер брзо полнење од 45 W, така што можете да продолжите да работите по само 10 минути полнење.

Иновации на серијата Galaxy S22

Иновативните решенија кои одат во чекор со модерниот бизнис со години се заштитен знак на серијата Samsung Galaxy S. Голем екран, беспрекорни перформанси, елегантен дизајн и премиум материјали се вградени во мобилните телефони од новата генерација.Па така, од можностите што ги дава за креативност и продуктивност до моќ и доверливост, S22 Ultra 5G  се издвојува како премиум уред кој ќе обезбеди уникатно корисничко искуство и ќе постави нов стандард за премиум паметните телефони. Со вградено S Pen, подобрени можности за ноќно фотографирање и ноќно снимање (Nightography) и батерија што трае цел ден, Galaxy S22 Ultra 5G е најмоќниот уред што Samsung го направил досега.

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22-ultra/

ПР објава

Слично

Поврзани вести