Економија, финансии, бизнис

Контакт

Самсоненко ќе финансира и понатаму, барем засега

Самсоненко ќе финансира и понатаму, барем засега

Рускиот бизнисмен и инвеститор Сергеј Самсоненко барем уште некое време ќе остане да ги финансира ракометниот и фудбалски Вардар, објавија некои македонски спортски  медиуми.

„24 Ракомет“ пренесува дека Самсоненко ќе го помага ракометниот Вардар и наредната година, односно целосно за 2019-та, а од 2020 ќе се разгледа нов план за тоа што понатаму.

Ваквата одлука се очекува наскоро да биде и официјално соопштена на прес конференција или на официјалната страна на клубот.

„Гол“ пишува дека тој ќе продолжи да раководи со фудбалски Вардар и во 2019-та, но до крајот на сезоната во мај, по што ќе биде донесена одлука дали ќе замине и ќе го остави клубот на градот Скопје.

Под водство на Самсоненко, ракометниот великан стана европски првак а најтрофејниот македонски фудбалски клуб за прв пат учествуваше во групна фаза од едно европско натпреварување (Лига Европа).


Слично

Поврзани вести