Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само во хотелите им требаат 20.000 туристички работници

Само во хотелите им требаат 20.000 туристички работници

Хотелиерите во Хрватска се во офанзива за да бараат работна сила. 

Се бараат работници на саеми, преку огласи, преку кампањи,  но и преку социјалните мрежи. 

Иако се сметаше дека оваа година многу порано хотелите ќе најдат работници, ситуацијата е неизвесна. 

Се бараат келнери, собарки, готвачи, рецепционери, аниматори, помошни работници и друго. 

На хотелите кои се за 50 повеќе од лани, им требаат сезонски, но и постојани работници. 

Ако има раст на инвестициите во туризмот, во наредните години бројот на работни места ќе биде поголем, а со тоа ќе бидат потребни и повеќе работници. 

Според анкетите, сите Хрвати сакаат да работат на море, а во Загреб сакаат да работат само 4% од анкетираните. 

Иако се платите ниски, 88% би се вратиле на работа во туризмот. Околу 63% се изјасниле дека пак сакаат да работат кај истиот работодавец. 

Слично

Поврзани вести