САМО ВО 2016: Околу 170 000 мигранти пристигнале преку Средоземното море во Европа
Меѓународната организација за миграција соопшти дека од почетокот на годината преку Средоземното море во Европа пристигнале 169 илјади мигранти и бегалци, а во меѓувреме во водите на морето загинале 620 лица.
„Ова е повеќе од осум пати од бројот на мигрантите и бегалците - 20700 лица, регистрирани пред првите три месеци на 2015 година“, изјави за време на брифингот денеска во Женева прес-секретарот на ИОМ Џоел Милман.
Во овој период загинале или исчезнале без трага 620 лица, што надминува 23% исчезнатите и загинатите во соодветниот период минатата година, пренесоа светските медиуми.
Слично
