Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само што Владата ја донесе, опозицијата ќе предложи укинување

Само што Владата ја донесе, опозицијата ќе предложи укинување

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи намалување, односно укинување на дополнителната акциза за дизелот од 3,5 денари која што од 1 јануари оваа година ја воведе Владата на Зоран Заев и министерот Тевдовски. 

- Се работи за големо, огромно оптеретување и за граѓаните и за стопанството и од тие причини гледаме дека секојдневно цената на дизелот во Република Македонија расте. Откако Заев и Тевдовски влегоа во Владата цената на дизелот се зголеми од 46 на 60 денари, односно зголемувањето е 30 проценти. Од тие причини државата најмалку што може да направи е да ја укине дополнителната давачка која што ќе ги удри граѓаните на Република Македонија по џебот со повеќе од 30 милиони евра. Исто така би сакал да упатам апел, а тоа до парламентарното мнозинство, а тоа е следното: ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија апелира преку СДСМ, до парламентарното мнозинство, до Заев и Тевдовски да покажат сенс за потребите на граѓаните, за потребите на македонската економија, затоа што цената на дизелот апсолутно секојдневно оди нагоре. Се работи за големи зафаќања, се работи за оптеретувања кои што се евидентни и најмалку што може да се направи во овие тешки економски услови е да им се помогне и на домаќинствата и на граѓаните и на економијата - истакна Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Значи секој граѓанин, одењето на бензинска пумпа полнењето на резервоарот поради политиките штетни на Зоран Заев и Тевдовски, ги чини дополнителни 500 денари за да го наполнат резервоарот Да не зборувам за камионџиите, кои што полнат и кои што трошат многу поголеми средства или пак автобуските превозници, додаде Ѓорчев.


Слично

Поврзани вести