Економија, финансии, бизнис

Контакт

САМО ШТО СТИГНАА ЦРНИ ВЕСТИ ЗА НАЈМОЌНАТА ЕКОНОМИЈА НА СВЕТОТ - ова навистина личи на рецесија

САМО ШТО СТИГНАА ЦРНИ ВЕСТИ ЗА НАЈМОЌНАТА ЕКОНОМИЈА НА СВЕТОТ - ова навистина личи на рецесија

Американската економија повторно се намали во изминатите три месеци, што неофицијално сигнализира почеток на рецесија.

Одделот за трговија во четвртокот соопшти дека бруто домашниот производ (БДП) паднал со годишна стапка од 0,9 отсто во вториот квартал, откако паднал со годишна стапка од 1,6 отсто во првите три месеци.

Лошата вест ќе биде голем удар за администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Претставниците на Белата куќа се обидоа да ги отфрлат говорите за рецесија, тврдејќи дека многу делови од економијата остануваат силни, пишува Гардијан.

Стапката на раст е во целосна спротивност со силниот раст на БДП од 6,9 отсто, забележан во последниот квартал од 2021 година, кога економијата се опоравуваше од коронавирусот.

Ако во два квартала има негативен раст на БДП, тоа се гледа како сигнал дека економијата влегла во рецесија.

Слично

Поврзани вести