САМО СЕ СВРТЕ И МИ УДРИ ШЛАКАНИЦА, НА КОЛЕШКАТА И ГИ ЗАВЛЕЧЕ ПРСТИТЕ ПОД МРЕЖАСТИТЕ ЧОРАПИ - се нижат морничави исповеди на студентките на Архитектонскиот факултет во Белград
Следуваат грозоморните анонимни признанија на студентките на Архитектонскиот факултет кои тврдат дека доживеале сексуална злоупотреба од еден професор. Една студентка напиша дека професорот, чие име најчесто се споменувало во признанијата, и удрил шлаканица на факултет! Друга, пак, рече дека го видела истиот професор како ги завлејкува своите прсти под мрежастите чорани на друга студентка.
„Што се однесува до несоодветни изјави, некои фазони, тоа се случуваше одвреме-навреме, но веројаѕтно затоа што бевме деца, ние тоа сè уште не го регистриравме како нешто за пријавување. Си велиш ‚Боже спаси ме' во себе, ‚која будала“ и чекаш крај на вежбите. Во една прилика го чекав крајот на пробите, сите почнаа да излегуваат и јас се упатив кон човекот, нели да го прашам за предавање на колоквиумот, со оглед што нема да бидам таму во тоа време бидејќи имам операција, дали може да предавам порано или подоцна. Не кажав ништо повеќе освен извини, и веднаш следуваше шлаканица. Да се разбереме, не ми беше искршена влиицата, но не дека баш и ме погали. Целосно збунета, се смрзнав, не знаев како да реагирам. Тој се насмеа и рече кажи што ти треба. Само што дојдов на факултет, ништо не кажав, не знаев што да кажам, само си го поставив прашањето, добив одговор и шокирана ја напуштив салата“, напиша една студентка.
Друга додаде:
„Бев сведок на ситуација кога професорот од позади ѝ пријде на колешката која носеше мрежести чорапи и и ги ставил прстите под нив. Слушнав дека истото го направил и на друга личност кога станува збор за скинати фармерки на бутовите.
Истата студентка напишала и дека професорот, кој во исповеди го споменуваат повеќето студенти по Архитектура, на нејзината пријателка и праќал пораки со недолична содржина на Инстаграм.
Кога посетував настава во таа сала, имав чувство дека треба да „чувам стража“ на вежбите и да не се однесувам опуштено за да не му дадам причина на професорот да ја користи на кој било начин, како што знае и умее, бидејќи имав доживеано одмерување „од глава до пети неколку пати“, рече таа.
Уште пошокантна исповед даде студентка која вели дека истиот професор во втората година на студирање ја фатил за врат и ја заковал за ѕид.
„Втора студиска година, бев во салата. Беше убав летен ден, бев во фустан до подот, имав планови за откако ќе го положам испитот. Трети кат, час по уметност, доаѓам непосредно пред истекот на терминот, му го предавам трудот, станува и се шета околу мене, дише до моите уши и на шега ме кани во кафеана за да се искупам за доцнењето. Ми приоѓа еден пријател, вели да го чекам подоцна да одиме заедно. Излегувам пред салата, другарот останува да ги заврши своите работи. Гледам во телефонот потпрена на ѕид, вратата од ходникот се отвора, одам натаму мислејќи дека другар ми завршил, но професорот излегува, гледа во празниот ходник, се врти кон мене во неколку чекори, ме закова за ѕидот и ми ја стиска раката околу вратот. Јас шокирана, го гребам по раката, а тој вели, „ммм колку сме опасни“. Кога лупна вратата од салата, ме пушти и си замина“.
Една од девојките исто така кажала дека му го предала трудот на истиот професор, а тој и одговорил дека е „трудот за осумка, но дека ќе биде повисоко ако одат на кафе“.
Да потсетиме, истрагата за пријавите за сексуална злоупотреба на Архитектонскиот факултет е во тек, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, кое го оформи случајот по службена должност.
-Обвинителството веднаш даде наредба до полицијата да ги собере сите потребни податоци и информации за да се утврди постоење на кривично дело кое се гони по службена должност. По добивањето на пријавата од полицијата, Вишото јавно обвинителство во Белград навремено ќе ја информира јавноста за понатамошните дејствија - велат од обвинителството за „Блиц“.
Деканот на овој факултет Владимир Лојаница пред неколку дена во јавноста изјави дека не знаел за обвинувањата додека не излегоа во јавноста. Учениците, пак, во своите признанија наведуваат дека се обиделе да го пријават ужасот што го доживеале, но безуспешно.
Извор: Блиц.рсФото: Курир.рс
