Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само првиот ден Аман собра 1.000 потписи, денеска стига и поддршка од Прилеп

Само првиот ден Аман собра 1.000 потписи, денеска стига и поддршка од Прилеп
Граѓанскaата иницијатива Аман е задоволно од почетокот на акцијата за собирање 10.000 потписи за промена на Законот за енергетика. Според Џелал Хоџиќ, од Аман, само првиот ден се собрани околу илјада потписи. „Според она што го имаме како податок, иако нецелосен,бидејќи немаме податоци за сите 34 подрачни единици на Државната изборна комисија, уште на првиот ден се собран и околу 1.000 потписи од граѓаните“, соопшти Хоџиќ. Уште нови 1000 потписи денеска стигнуваат само од Прилеп, каде граганите излегоа на марш против скапата струја и укинувањето на дневната евтина тарифа, а како  поддршка на Иницијативата на Аман. Ги имаше околу илјада на број, на чело со Кандидатот за градоначалник на Прилеп од р СДСМ, Хари Локвенец и пратеникот Горан Сугарески . По протестниот марш, тие се собраа во старата Општина за да го дадат својот потпис и што побрзо да се соберат  10.000 потписи за измена и дополнување на законот за енергетика. Собирањето на потписите започна вчера, а рокот истекува за три месеци. На првиот ден се потпишаа и кандидатите за градоначалници за Скопје и Центар, Јани Макрадули и Андреј Жерновски.  
Слично

Поврзани вести