Само по 100 денари за работниците на „Охис“
Вработените од ОХИС денеска протестираа пред Владата откако им беше соопштено дека ќе добијат по околу 100 денари за дел од продажбата на машините на фабриката и подружниците.
Вработените се плашат дека толку пари ќе добијат и од останатата продажба во стечајната постапка, иако на некои од нив се должат по 24 плати.
Фабриката неодамна беше продадена на фирмата „Хемиски инженеринг“ за сума од 7,1 милион евра без имотот кој претходно бил отуѓен во управни постапки. Според проценките, потребни се околу 6 милиони евра само за да се исплатат вработените, а тие стравуваат дека нема да добијат ниту 10 проценти од сумата која им ја должат бидејќи последни ќе бидат исплатени. Тие најавија дека правдата ќе ја бараат и пред Европскиот суд во Стразбур.
