Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само месецов десетина несреќи при работа

Само месецов десетина несреќи при работа

Во  текот на месец април имало 11 несреќи при работа, евидентирано е на веб страната на Македонското здружение за заштита при работа.

Дел од  работниците починале, а дел се со повреди.  Според она што го регистрирале, на 1 април починал тракторист во село Камењане, на 4 април работник паднал од покрив и починал, на 5 април повторно тракторист доживеал несреќа и се борел за живот, а на 7 април е повреден камионџија кај Росоман.

На 8 април во сообраќајна несреќа на полициско возило и комбе имало еден повреден, на 10 април повредени се 23 полицајци и припадници на АРМ во судир со мигрантите. На 11 април се преврте минибус со ученици од Гостивар, а истиот ден еден работник во Велес починал.

На 13 април е повреден новинар, а на 17 месецов во несреќа со трактор има една повредена и една загината. На 22 април трактор повреди 38 годишен човек.

Во март имало помалку несреќи на работа, регистрирани се 6 случаи.

Слично

Поврзани вести