Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само мал број домаќинства можат да си дозволат машина за миење садови и клима уред

Само мал број домаќинства можат да си дозволат машина за миење садови и клима уред

Машина за миење садови имаат само 13,4 % од домаќинствата во земјава. Анализирано по видови на домаќинства, податоците покажуваат дека машината за миење садови е најмалку застапена кај земјоделските семејства, односно  ја имаат само 2,9% од земјоделските семејства.

Клима уред имаат само 27,7% од домаќинствата во земјава. При тоа само 1% од земјоделските семејства имаат клима уред во своите домови.

Со компјутер располагаат 57,7% од домаќинставата во Македонија. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека комјутер имаат  46,9% од земјоделските семејства и 66,4 % од мешовитите семејства.

Со мобилен телефон располагаат 85,9% од домаќинствата, при тоа мобилниот телефон кај земјоделските семејства е застапен со 93,1% , кај мешовитите со 92,0 % и кај неземјоделските со 84,1%.

Со велосипед располагаат 35,5%  од домаќинствата, а со мотор 6,7%.

Патнички авотмобил имаат 53,4% од домаќинствата додека пак 56,4% од земјоделските семејства имаат патнички авотмобил, а кај мешовитите семејства застапеноста е со 69,9%.

Гитара имаат 2,3% од домаќинстава, а клавир 0,6% од домаќинстава при тоа во земјоделските семејства клавирот воопшто не е застапен.

Еве каква е снабденоста на домаќинстава со трајни потрошни добра во 2013 година

 

 

Сите домаќинства вкупно

Земјоделски домаќинства

Мешовити домаќинства

Неземјо- делски домаќинства

 

 

Шпорет на цврсто гориво

67,6

95,7

89,4

61,4

Електричен шпорет

95,2

86,6

98,7

94,6

Шпорет на гас и комбиниран шпорет

3,1

0,8

1,9

3,4

Печка на цврсто гориво

30,2

23,4

36,6

28,9

Електрични печки (сите видови)

38,7

20,9

27,1

42,0

Печка на нафта

0,9

 -

0,5

1,0

Печка на гас

1,3

 -

0,6

1,6

Бојлер

95,5

86,9

97,9

95,2

Фрижидер

98,4

100,0

99,5

98,0

Апарат за длабоко замрзнување

75,1

88,0

83,8

72,6

Машина за перење

90,1

90,2

93,2

89,3

Пегла

95,0

85,8

96,6

94,9

Машина за миење садови

13,4

2,9

5,6

15,6

Машина за шиење

19,6

11,4

21,6

19,4

Правосмукалка

87,5

78,0

91,5

86,9

Клима-уред

27,6

1,0

20,1

30,2

Радиоапарат

26,5

31,1

22,7

27,3

Грамофон ЦД плеер

22,3

13,6

28,6

21,1

Касетофон

21,7

16,5

28,6

20,3

ХИ-ФИ музички уреди

14,2

7,9

11,5

15,0

Телевизор, црно бел

2,2

0,0

1,8

2,3

Телевизор во боја

95,2

98,5

93,7

95,4

Видеорекордер

19,3

10,0

23,5

18,7

Видеокамера за снимање

9,5

2,5

5,9

10,5

Фотографски апарат

34,2

11,3

34,9

34,8

Персонален компјутер, поврзан на интернет

57,7

46,9

66,4

56,0

Телефон

64,8

28,2

69,1

65,0

Мобилен телефон

85,9

93,5

92,0

84,1

Велосипед

35,5

26,2

40,1

34,7

Мотор

6,7

3,6

10,7

5,9

Патнички автомобил

53,4

56,4

69,9

49,4

Камп приколка

1,1

0,8

2,8

0,7

Чамец

0,6

 -

1,0

0,6

Мотор за чамец

0,4

 -

0,3

0,4

Гитара

2,3

0,8

1,3

2,5

Клавир

0,6

 -

 -

0,7

Домаќинства без трајни добра

 -

 -

 -

 -

Според станот што го користат, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека 33,1% од домаќинставата живеат во трособен стан, особено тој процент е висок кај мешовитите семејства. Додека пак 31,4% од населението живее во четворособен и поголем стан. Додека пак во двосебен стан живее 25, 9% од домаќинствата. Само 7% живеат во еднособен стан, а во гасоњера живеат 1,2% од домаќинствата. Само 40% од домаќинствата имаат гаража, а додека 82% имаат балкон.

Домаќинства според видот на станот што го користат

Посебна соба

1,2 %

Гарсониера

1,2%

Еднособен стан

7,0%

Двособен стан

25,9%

Трособен стан

33,3%

Четворособен стан и поголем стан

31,4%

Нестанбена просторија

0,1%

Слично

Поврзани вести