Само лани Србите купиле 15.000 имоти во Грција
Србите лани купиле 15.000 имоти во Грција.
Само на Халкидики во текот на минатата година Србите купиле околу 15.000 имоти. Освен во Грција, моментално голема побарувачка за станови има и во Трст како и на бугарското приморје, бидејќи зградите се поевтини од оние на грчкото. Постапките не се разликуваат значително од оние што се однесуваат на локалното население.
Иако Трст е една од дестинациите каде што се повеќе граѓани купуваат станови поради поволните цени, Грција е земјата во која Србите минатата година купија неверојатен број имоти.
„Србите најмногу купуваат станови, а просечната цена е од 1.350 до 2.000 евра за метар квадратен. Тоа е пониска цена“, истакнува Александра Јовановиќ, агент за продажба на станови во Грција, пренесува РТС.
Доколку сакате да купите стан во Грција, освен пари, треба да најдете добра агенција која ќе посредува при купувањето. Иако можноста за двојна продажба е минимална, агенциите имаат преведувачи, адвокати, контакти со нотари.
foto freepik.com/mrsiraphol
