Само Хрватите и Словенците трошат повеќе од нас во маркет
За храна и пијалоци во маркетите Македонците и Црногорците во просек трошат по 478 евра месечно, покажало истражување во српските медиуми, што го пренесе и „Дневник“.
Без разлика на ниските примања, според ова истражување Македонците се далеку поголеми „трошаџии“ од Србите кои месечно во маркет оставаат 327 евра и Босанците кои трошат по 428 евра.
Повеќе од Македонците и Црногорците издвојуваат Хрватите - 730 евра, а најголеми потрошувачи во маркет се Словенците со дури 1.007 евра месечно за овие издатоци.
Според српските експерти, вложувањата на странците во поглед на трговијата се засноваат токму на потрошувачките навики на одредена нација. Тоа е една од причините што во Македонија има маркети „на секој чекор“, а во Србија, на пример, ИКЕА ги одложи плановите за отворање на свој центар.
Доколку оваа статистика е точна, очигледно е дека Македонците во маркет трошат повеќе од една просечна плата.
Слично
