Само генијалци смеат да работат за Тодоров
Интелегенција над 140 и поседување сертификат од МЕНСА (лиценцирана организација за тестирање на коефициентот на интелигенција), ова е условот со кој Министерството за здравство на Република Македонија преку оглас бара кандидати за ангажман во кабинетот на министерот Никола Тодоров.
На Министерот му се потребни исклучиво екстра интелегентни луѓе затоа што ќе бидат ангажирани во комитетот за сложени анализи во Министерството за здравство. Освен интелегенцијата, услов за вработување е кандидатите да имаат дипломирано на државниот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ односно на прворангираниот Универзитет во земјава според последното рангирање на Шангајскиот универзитет.
Слично
