Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само една компанија лета со „ризичниот“ Боинг во Македонија?

Само една компанија лета со „ризичниот“ Боинг во Македонија?

Од авиокомпаниите кои оперираат со летови во Македонија единствено само Флај Дубаи во својата флота користи авиони на Боинг 737 MAX 8  737 MAX 9. 

Засега единствено е познато дека чартер-лет со ваков тип на авион е откажан од Франкфурт до Скопје, според информации кои ги пренесе германски „Билд“ од тамошен експерт за патнички туризам.

Цивилни воздухопловни власти во Македонија ги прекинаа летовите во нивниот воздушен простор со овој модел уште вчера.

Агенцијата за цивилно воздухопловство најави дека нема да се организираат летови со Боинг 737-MAX 8 и Боинг 737-MAX 9 по истрагата за авионската несреќа во Етиопија во неделата.

"Од денес, стапува на сила забраната за слетување и полетување на авиони Боинг 737- MAX-8 и Боинг 737 MAX 9, како и нивен транзит на небото. Ова е превентивна одлука ", рече портпаролот на агенцијата.


Слично

Поврзани вести