Економија, финансии, бизнис

Контакт

САМО ДЕНЕС: „Визер“ со попуст на сите летови кон сите дестинации!

САМО ДЕНЕС: „Визер“ со попуст на сите летови кон сите дестинации!

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ денеска нуди попуст од 20% за сите дестинации и сите летови.

Попустот важи се до полноќ.

Граѓаните најмногу доверба за летање имаат во Визер. Ова може да се заклучи од податоците на авиокомпаниите во вкупниот патнички сообраќај, што алудира на фактот дека Визер го превезол најголемиот број на патници во првите девет месеци со 53,5% пазарен удел.

Цирих, Виена, Базел (Мулхаус), Малме и Лондон (Лутон) се дестинации до кои најчесто летаат македонските граѓани преку двата аеродроми во земјава.

Од неодамна Визер воведе и нова авиолинија.

Со „Визер“ ќе може да летате од Скопје до Хановер секој понеделник и петок со билети чии цени ќе почнуваат од 899 денари, додека летовите од Хановер кон Скопје се во вторник и сабота.

Првиот лет на Wizz Air Скопје беше во Јуни 2011 и од тогаш Wizz постојано ја проширува мрежата во Македонија, како и основање на летови на вториот аеродром во Македонија, аеродромот во Охрид од Јуни 2015. Од првиот лет, преку 2.2 милиони патници избрале да летаат со Wizz во и од Македонија, што ја прави Wizz Air водечка авиокомпанија во Македонија во однос на расположливиот капацитет.

Со новите активности во Германија, Wizz Air сега нуди вкупно 25 рути во 11 држави од двата македонски аеродрома: Скопје и Охрид.

Слично

Поврзани вести