Економија, финансии, бизнис

Контакт

САМО ДЕНЕС: 25% попуст на сите летови од и до Бугарија со „Wizz Air“

САМО ДЕНЕС: 25% попуст на сите летови од и до Бугарија со „Wizz Air“

„Wizz Air“ објави денес летна промоција - намалување за 25% на сите летови од и до Бугарија, соопштуваат од компанијата.

Оваа еднодневна акција значи уште поголеми заштеди за патници меѓу Бугарија и остатокот од Европа ова лето.

Намалените цени се применуваат за резервации до полноќ денеска, направени на wizzair.com.

Во Бугарија, Wizz Air нуди вкупно 38 линии до 14 земји од 3 аеродроми, обезбедувајќи удобен пристап од земјата до остатокот од Европа и надвор од неа, како за бизнис, така и за туризам.

Најновите WIZZ правци од август ја поврзуваат Варна со Будимпешта и Софија со Нирнберг, во германската област Баварија.

До крајот на годината WIZZ ќе пушти уште четири нови линии од Софија, поврзувајќи го градот со Кутаиси во Грузија, Будимпешта во Унгарија, Базел во Швајцарија и Донкастер Шефилд во Велика Британија.

Taмара Валуа, директор на корпоративни комуникации на Wizz Air, вели: „Иако крајот на летото полека се приближува, тоа не значи дека планирањето на одмори или кратка пауза со пријателите или со оние најблиските треба да заврши. Ние ги намалуваме со 25% цените на сите наши линии во мрежата од Бугарија и се надеваме дека бугарските клиенти ќе ја искористат оваа можност да резервираат краток градски одмор во некој од омилените градови. Со нетрпение очекуваме да пречекаме многу туристи во Бугарија во циганското лето. Сега цените се уште пониски и нема причина да не избегате некаде со нашите нови авиони“, посочува таа.

Слично

Поврзани вести