САМО ЧЕТИРИ КОМПАНИИ АПЛИЦИРАЛЕ НА ТЕНДЕРОТ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Власта се надева дека овој пат тендерот ќе биде успешен
Четири компании аплицирале на повторениот тендер за набавка на електрични автобуси за јавниот превоз во Скопје и во други градови во државата.
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски истакна дека во понеделник јавно ќе ја запознае јавноста со извештајот и со наводите во извештајот.
„Навистина се надевам дека овој пат повикот ќе биде успешен и ќе имаме успешна набавка на автобуси. Се надевам дека искуствата од минатиот повик се поука и за компаниите да подготват добра и квалитена документација – изјави Никооски, одговарајќи на новнарски прашања при посетата на општина Кисела Вода.“, истакна тој.
Обновениот тендер заврши во понеделникот, а понудите ги разгледува комисија составена од експерти од Министерството за транспорт и од Машинскиот факултет.
Постапката за набавката беше повторена по поништувањето на претходниот тендер за 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење. Сто автобуси се предвидени за Скопје, а останатите 50 за други градови во државава.
Слично
