Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само Бојан Јовановски „привилигиран“ да биде сместен во хашкото одделение

Само Бојан Јовановски „привилигиран“ да биде сместен во хашкото одделение

Бојан Јовановски или првиот осомничен во случајот „Рекет“ ја имал „честа“ да биде сместен во хашкото одделение. За разлика од него третата осомничена Катица Јанева е сместена во другиот дел.

Ова станува јасно од изјавата на директорот на Истражниот затвор во Шутка Есад Рахиќ кој всушност ги демантираше шпекулациите дека Катица издржува притвор во хашко одделение.

Рахиќ објаснува дека Боки 13 е сместен во тоа одделение бидејќи бил дојден прв откако му е изречена притворската казна.

Разликата како што вели во хашкото и другите одделенија не е голема, освен тоа што хашкото било поизолирано од останатите. 

Во однос на условите, директорот вели дека тие се речиси идентични и ништо подобри од останатите, не биле воопшто такви какви што ги претставуваат многумина во јавноста.

Слично

Поврзани вести