САМО БиХ Е ПОЛОША ОД МАКЕДОНИЈА: Светска банка излезе со прогноза за економскиoт раст
Само БиХ е со полоша прогноза од Македонија. Светската банка за годинава предвидува раст на македонската економија од 3,6 отсто.
За следната година растот е проектиран на 3,5 проценти, а во 2023 година прогнозираат дека тој ќе изнесува 3,4 отсто. За земјите од регионот проектирано е Албанија годинава да има раст на БДП од 4,4 отсто, Босна и Херцеговина 2,8 отсто, Косово 4 отсто, Црна Гора 7,1 отсто и Србија 5 отсто. Во 2022 година економијата на Албанија треба да има раст од 3,7 отсто, БиХ 3,5 отсто, Косово и Црна Гора од 4,5 отсто и Србија 3,7 отсто. За 2023 година растот на БДП во Албанија е проектиран дека ќе изнесува 3,7 отсто, БиХ, исто така, на 3,7 отсто, Косово 4,1 отсто, Црна Гора на 3,5 отсто и Србија 3,9 отсто.
foto freepik
