Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само 6,3 проценти од семејствата можат да ги задоволат сите потреби

Само 6,3 проценти од семејствата можат да ги задоволат сите потреби

Само 6,3 проценти од семејствата можат во целост да ги подмират и покријат месечните потреби, покажуваaт податоците на Државниот заводот за статистика.

На прашањето „Какво е вашето мислење за тековната финансиска година во споредба со состојбата пред една година“, само  6,3 проценти од испитаниците одговориле дека таа е подобрена на некој начин, а скоро 42 проценти кажале дека состојбата малку или многу се влошила.

Статистиката говори дека скоро 30 проценти од домаќинствата месечно располагаат со околу 100 евра, и главно овие семејства се потпираат на приходи од пензија, социјални трансфери и пари од странство.

Повеќе од 56.000 семејства годишно располагаат со 1 280  евра или со само 106 евра месечно. Оваа група граѓани е и најсиромашна во општеството.

Разликата меѓу оние што најмалку имаат и оние што имаат најмногу изнесува и до 12 пати.

Слично

Поврзани вести