Економија, финансии, бизнис

Контакт

Само 281 компанија се усогласени за електронското пријавување ДДВ

Само 281 компанија се усогласени за електронското пријавување ДДВ
Од вкупно 4.595 компании кои треба од 1 јануари 2013 година електронски да поднесуваат ДДВ-пријави и даночни биланси за данок на добивка до УЈП, досега целосно се усогласени 281, соопшти директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски, кој очекува до крајниот рок 31 декември скоро сите компании да се усогласат.

Според него, на компаниите им било дадено доволно време од три месеци, но посочи дека како и за сите новини и за оваа очекуваат во последниот момент да се усогласат најголемиот дел од компаните и потенцира дека тие ќе им излезат во пресрет и ќе работат до последниот рок.

- Сигурен сум дека 4.590 компании ќе бидат усогласени, рече Трајковски.

Компаниите доколку не се усогласат со новините од 1 јануари нема да можат да пријават ДДВ и данокот на добивка во УЈП.

Слично

Поврзани вести