САМИТ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: Иванов размени „збор два“ со Обама и Меркел
Париз денеска е домаќин на глобалниот климатски самит во организација на Обединетите нации.
Меѓу учесниците во самитот е и претседателот Ѓорге Иванов.
Тој на самитот се сретна со претседателот на САД, Барак Обама како и со германската канцеларка Ангела Меркел.
Со американскиот претседател Иванов разговарал за интеграцијата на Македонија во НАТО, и му напоменал на Обама дека земјава сѐуште се наоѓа во статус кво ситуација .
Со германската канцеларка претседателот Обама разговарал за актуелната мигрантска криза.
Иванов ја запознал канцеларката со мерките што Македониja ги превзема за справување со бегалската и мигрантската криза и посебно укажа на фактот што сѐ уште нема ништо од ветената европска помош за македонските институции.
Тој посветил вимание и на мисијата на Фронтекс на jужната граница и на недостатокот од директна комуникациja меѓу македонските и грчките институции, на секое потребно ниво а се осврнал и на потребата на Македонија од влез и преговори со интеграцијата во ЕУ.
Обама истакнал дека светските лидери стигнале во престолнината на Франција на самитот за климата како би покажале одлучност и ги пофалил Парижаните што инсистирале на тоа конференцијата да се одржи и покрај нападите во кои на 13 неомври загинаа 130 лица.
Американскиот претседател рекол дека тоа претставува доказ дена ништо нема да го одврати светот од тоа да изгради иднина за своите деца.
Обама изјави и дека неговата земји презема одговорност како втор најголем светски емитер на јаглен-диоксид и дека ќе даде допринос решавајќи ги проблемите на климатските промени.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/qz3FJCL2qlk[/embed]„Како лидер на најголемата светска економија и вториот најголем емитер, во име на САД не само што ја признавам улогата во креирање на овој проблем, туку и ја преземаме одговорноста да направиме нешто по тој повод“, рекол американскиот претседател.
Тој додал дека актуелната генерација е „прва која ги чуствува климатските промени и последна која може нешто да направи по тој повод“.
Обама нагласил дека ниедна земја не е имуна на климатските промени, колку и да биде богата или сиромашна.
На конференцијата на ОН во Париз се собрале 151 шефови и влади, што е најмногу во историјата на меѓународните собири.
