САМИТ ВО БЕЛГРАД: Вучиќ разговарал со Еди Рама
Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска, на вториот ден од Третиот самит на шефовите на владата на Кина и земјите со централна и источна Европа разговарал со премиерот на Албанија Еди Рама.
Средбата со Рама е последна во низата билатерални разгоцори кои примиерот на Србија Вучиќ ги имал во рамки на Самитот. Тој утрово разговарал и со сефот на унгарската влада Виктор Орбан и нашиот премиер Никола Груевски.
Претставниците на 16 земји учеснички на Самитот „Белградска средба“ порачале вчера дека соработката со Пекинг е неопходна за стариот континент, оценувајќи дека е клучно да се осмислат добри проекти и ефикасно да се применат.
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и албанскиот министер за транспорт и инфраструктура Едмон Хаџинасто потпишале денеска спогодба за меѓусебно признавање на возачките дозволи на двете држави.
Спогодбата, предвидува договорните страни меѓусебно да ги признаваат возачките дозволи, кои ги издале надлежните органи на другата договорна страна.
