САМИТ МАКЕДОНИЈА 2025 – Не смееме да довозлиме да бидеме бавни
Напредокот на животниот стандард на граѓаните во Македонија е еден од приоритетите на „Македонија 2025“ и кон тоа целиме со нашите активности. Сепак, за жал напредокот е мал и недоволен. Нашиот стандард е 38 проценти од стандардот во Европската унија. Приближувањето кон ЕУ не се одвива со динамиката која ја очекуваме.
Ова беше посочено на отворањето на 11 –тиот Самит на „Македонија 2025“ од страна на директората на организацијата, Никица Мојсоска Балажевски.
- Самитот се фокусира на теми важни за нашата иднина, при што ќе имаме прилика за размена на идеи, искуство. Годинешниот е посветен на дигитализацијата. Ние во „Македонија 2025“ се надевам дека заеднички ќе направиме добри дела и дека ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење, да помогнеме да напредуваме. Треба да сме свесни дека живееме во свет кога и малите земји имаат шанса да предводат со реформи, со новитети, но и свет каде брзите ги јадат бавните, и не смееме да си дозволиме да бидеме бавни – потенцираше Мојсоска Блажевски на отворањето на Самитот.
Невладината организација „Македонија 2025’“ денеска и утре во Скопје го организира 11 Самит на кој се очекува да имаат излагање околу 40-тина говорници, а меѓу нив свои излагања имаат и премиерот Димитар Ковачевски и неговата колешка од соседна Србија, Ана Брнабиќ.
