Самит Македонија 2025: Со обуки и личен развој на вработените до развој на компаниите
Овозможување на вработените да се стекнат со нови вештини, алатки за личен развој, поттикнување на вработените да се надградуваат. Ова се дел од ставовите на паналистите кои денес имаат свои излагања на Самитот на Македонија 2025.
Учесниците на панелот насловен „ Управување со перформанси преку обука и развој на вработените“ дискутираа кои се начините да се подобри управувањето на компаниите, и како да се надградат вработените, со цел да остваруваат подобри резултати и самите компании.
- Има една грешка во управувањето што ми требаше време да ја препознаам. Мислиме дека сме најпаметни и дека знаме се. Но, тоа не е вистина, не знаеме се, и не сме најпаметни. Така што сметам дека е штетно за развојот на мојот тим, ако им наметнам еден вид на генерички вештини кои треба да ги развиваат. Јас сум подготвен да ангажирам ментор да работи со нив за подобрување на личните вештини, но не да им го ограничувам личниот развој на тимот. Некои алатки кои ги користиме, план за личен развој, каде има три до пет точки кои треба да се напишат и да ги дискутирате со лидерот, а потоа мериме како ќе одиме со реализација на планот. Клучно е да имаме разговор, да имаме повратни информации, да бидеме координирани – посочи Борјан Борозанов, директор на компанијата „Џонсон Мети“.
Учесниците на панелот истакнаа дека е важно да се добиваат и повратни информации од вработените, да се знаат и нивните желби и планови за понатамошниот развој.
- Добиваме повратни инфорамции кои се нивните потреби, кои се нивните желби, каде сакаат да се развиваат, дали сме на истата фрекфенција како и плановите за развој на компанијата. Дали можеби сакаат се обучат во нови вештини, и дали тие вештини и се потребни на компанијата. За оние вештини кои се потребни секако ќе ги покриеме трошоците, но ако нивните цели се некомпатибилни со целите на компанијата тогаш укажуваме кои се нашите цели и не можеме да поддржиме такви обуки – кажа Влахо Костов, главен инженер за Медитеранскиот и Балтичкиот регион при Панасоник.
Вал Јусуфи, извшен директо при ЛЕОРОН Институт посочува пак дека е многу важно за вработените во компаниите да се овозможат или да се дадат можности за преквалификации.
- Ако сте менаџер, треба да видите кои се можностите, сега се шири дигитализацијата, потебни се нови вештини. Не може компанијата да остане на истите ниво, може да се види кои се бараните вештени, да се открие кои се можностите на вработени, и да се знае какви обуки им требаат. Компаниите исто така треба да размилат кои се вработените кои можат да бидат обучени, односно кои се лицата кои можат да се стекнат со нови вештини. Не треба да бидеме субјективни при изборот – посочи Јусуфи.
