Сами да си одредат кога ќе одат во пензија - ова е желба на луѓето во една европска земја
Скоро две третини од Швајцарците би сакале поголема слобода при изборот на возраста за пензионирање, покажува анкетата која ја спроведе „Делоите Свицерланд“. Исто така, поголемиот дел од анкетираните изразиле резерва во однос на досега предложените реформи на пензискиот систем.
Во соопштение објавено во вторникот, ревизорската и консултантска фирма наведе дека 68 отсто од анкетираните би претпочитале самите да си ја одредат пензионерската возраст наместо да бидат обврзани со границата од 65 години.
Според истражувањето, во иднина треба да се овозможи поголема флексибилност, односно секој да може сам да одлучи кога ќе се пензионира.
Анкетата покажала дека постои мала поддршка за реформи на пензискиот систем кои би го зголемиле финансискиот товар врз вработените. Зголемувањето на работничките придонеси било одбиено од релативно мнозинство од 49 отсто од испитаниците.
Истражувањето на „Делоит“ е засновано на разновидни податоци и на онлајн анкета во која учествувале 1.000 луѓе од цела Швајцарија.
Извор: Swissinfo.ch
foto freepik.com
